Лука Дончиќ е незапирлив во НБА, а тоа носи победи на Далас (Видео)

Во НБА-лигата ноќеска се одиграа 10 меча, а повторно во свој елемент беше Лука Дончиќ. Словенецот беше феноменален во дресот на Далас и тоа беше доволно за победа на Маверикс на гости кај Бостон со 113:108. Дончиќ на крајот заврши со 35 поени, осум скока и пет асистенции. Уште по три четвртини беше јасно дека Далас ќе победи затоа што гостите имаа предност и до 23 поени разлика (74:51), а Бостон на крајот намали на пристојни пет поени негатива.

Освен Дончиќ, своја вечер имаше и Девин Букер од Феникс, кој заврши со 45 поени во победата на Сонцата против Чикаго со 121:116.

Во останатите мечеви: Детроит – Портланд 101:124, Индијана – Мајами 87:92, Бруклин – Хјустон 120:108, Мемфис – Јута 107:111, Минесота – Њујорк 102:101, Оклахома – Торонто 113:103, Сан Антонио – Сакраменто 120:106, ЛА лејкерс – Милвоки 97:112.

- Оглас -

Најнови вести