Лука Дончиќ и Далас се пред елиминација во плејофот, Феникс и Мајами на чекор од конференциското финале

Кошаркарите на Мајами и на Феникс ја искористија предноста на домашен терен и победија во дуелите со Филаделфија и Далас, па сега се само на една победа од пласман во конференциското финале во НБА-плејофот.

Најдобриот тим по регуларниот дел од сезоната, екипата на Феникс санс немаше никакви проблеми во дуелот со Далас маверикс и убедливо победи со 110:80 за 3:2 во победи. Девин Букер со 28 поени и Деандре Ајон со 20 беа предводници на Сонцата, додека Лука Дончиќ на спротивната страна заврши со 28 поени и 11 скока.

Уште поубедлив беше Мајами, кој славеше со 120:85 против Филаделфија и исто така поведе со 3:2 во победи. Дури седуммина играчи кај Жешките постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Џими Батлер со 23 поени.

- Оглас -

Најнови вести