Лука и Јанис се тркаа со поени, во финишот ги засени Ол-стар ѕвездата на Бакс

Крис Мидлтон беше извонреден во финишот, во последните две и пол минути, кога постигна 8 од вкупно 25 поени на мечот и го реши дербито меѓу Милвоки бакс и Далас маверикс.

Елените победија со 112:109 во интересен меч, што имаше неизвесна завршница. Мидлтон постигна две клучни тројки во последните 150 секунди, погоди и две слободни фрлања и беше меч-винер за Милвоки.

Адетокумбо беше прв стрелец на мечот со 31 поен, но шутираше мизерно од линијата за слободни фрлања и погоди само еднаш од 10 пати.

Дончиќ стандардно одигра нов одличен меч со 28 поени, 13 асистенции и 9 скока, а добар беше и Тиом Хардавеј јуниор со 22 поени.

Поради проблеми со коронавирусот дури четири меча беа одложени.

Резултати: Милвоки – Далас 112:109, Бостон -Орландо 124:97, Кливленд – Њујорк 106:103, Оклахома – Чикаго 127:125 по продолженија, Јута – Атланта 116:92, Л:А Лејкерс – Њу Орлеанс 112:95, Сакраменто – Л.А Клиперс 100:138. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести