Лука Станковски ќе потпише за еден од најголемите португалски клубови?!

Македонскиот 18-годишен фудбалер Лука Станковски, беше пред трансфер во Монца од италијанската Серија Б, но тоа нема да се реализира, а сега според португалските медиуми, за Лука се интересира Брага, стабилен клуб кој редовно игра во европските купови.

Брага е клуб кој често афирмира млади фудбалери како 190-сантиметри високиот Станковски за кој пофални зборови искажа и Звонимир Бобан, и евентуалниот премин од Работнички во Брага, за него би било голем чекор напред во кариерата. Лука минатата сезона имаше 8 гола и пет асистенции на 26 меча во нашата лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести