Лука Тони се нуди да биде тренер на Баерн, но фаворит е еден негов сонародник

Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри се спомнува како главен фаворит за преземање на тренерското кормило во Баерн Минхен, кое се испразни по разделбата со германскиот Хрват Нико Ковач, но на „аудицијата“ учествуваат и многу други тренери, се спомнуваат и Жозе Мурињо, Јуп Хејнкес, Ерик Тен Хаг, а има и такви кои сами им се нудат на Баварците.

Еден од тие што имаат голема желба да го водат Баерн е и Лука Тони, некогашниот фудбалер на најтрофејниот германски клуб (од 2007 до 2010 беше член на Баерн). Тони се чувствува подготвен да се нафати на оваа работа, а тоа го сподели и на „Инстаграм“.

„Лука Тони е подготвен. Благодарам за сè Нико“, искоментира Тони на објавата на Баерн дека го раскинале договорот со Ковач.

На некои навивачи на Баерн ова им е смешно и не го сфаќаат сериозно Италијанецот, додека други го поддржуваат и сметаат дека таков човек кој го сака Баерн, треба да добие шанса. Иако има лиценца за тренер, Тони досега нема работено како тренер. Ако прва работа му биде во голем клуб како Баерн, тоа би било навистина голем плус за него.

- Оглас -

Најнови вести