Лука Дончиќ е во новогодишно расположение, има нов трипл-дабл и приреди невидена магија во НБА (Видео)

Лука Дончиќ е незадржлив и повторно има трипл-дабл со 35 поени, 13 асистенции и 12 скока во новата победа на Далас маверикс против Хјустон рокитс ноќеска со 129:114.

Пред шест дена на истиот ривал му даде 50 поени со 10 асистенции и 8 скока, а билансот во последните 10 дена од 2022 година му е импресивен.

Словенецот е првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата што на два меча по ред има постигнато 95+ поени и над 20 скока и асистенции.

На претходниот меч со Њујорк никс постигна 60 поени со 21 скок и 12 асистенции, што на два меча по ред прави вкупен ефект од 95-33-23.

На последните четири меча има исто така неверојатни бројки и вкупно даде 177 поени, со 50 скока и 42 асистенции, што е за огромна почит.

Трипл-дабл ефектот против Хјустон му е 54-ти во кариерата и осми во оваа сезона во НБА-лигата.

Шоуто против Ракетите од Хјустон го зачини со неверијатни потези, а посебно магичен беше шутот што го погоди од десеттина метри на 1,5 секунда до крајот на првото полувреме.

Во програмата со вкупно 6 натпревари во НБА-лигата на пет победија домашните екипи, а само Мемфис гризлис славеше на гостински терен против Торонто.

Резултати: Шарлот – Оклахома 121:113, Индијана – Кливленд 135:126, Бостон – ЛА клиперс 116:110, Торонто – Мемфис 106:119, Сан Антонио – Њујорк 122:115, Далас – Хјустон 129:114.

 

- Оглас -

Најнови вести