Лукаку блеска во дебитантска сезона во Интер, сака да се израмни со Роналдо

Ромелу Лукаку вчера со два гола ѝ помогна на екипата да запише убедлив триумф над Џенова од 3-0, па така стигна до 23 погодоци во Серија А.

Белгискиот ас блеска во дебитантската сезона и е на добар пат да се израмни со легендарниот Роналдо Назарио доколку реализира барем уште два гола до крајот на првенството. Само двајца играчи во историјата на Интер реализирале 25 или повеќе првенствени гола во дебитантската сезона – Истван Најерс 26 и Роналдо Назарио 25 гола.

Лукаку веќе го постави личен рекорд за 29 погодоци во една сезона во сите натпреварувања, па во последните две кола од Калчолигата ќе се обиде да застане рамо до рамо со еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести