Ромелу Лукаку ја донесе првата победа за Интер во Лигата на шампионите со 3-2 на гости против Борусија Менхенглабах, по што Нераѕурите ги одржаа минималните шанси за пласман меѓу 16-те најдобри екипи во нокаут-фазата.
Благодарение на белгискиот голгетер, кој уште еднаш се покажа како спасител на Конте, Интер во последното коло против Шахтар ќе брка триумф, но и ќе се надева на победа на Реал против бундеслигашот.
https://twitter.com/noob_fcb/status/1333884972978106368
По израмнетите сили во првиот дел, Лукаку стапи на сцената и во девет минути двапати му ја затресе мрежата на Сомер, по што Гладбах намали на 2-3, но ВАР на Плеа му одзеде хет-трик откако неговиот гол за 3-3 во 83-тата минута беше поништен.
https://twitter.com/noob_fcb/status/1333886732337606658
Во дербито на вечерта, Атлетико и Баерн ремизираа при конечни 1-1 во Мадрид, па Јорганџиите успеаја да ја прекинат низата од 15 победи на европскиот првак. Баварците во финишот добија најстрога казна во своја корист, Милер како супер замена одговори на предизвикот да израмни во 86-тата минута.
Ливерпул им се придружи на Баер, Сити, Челзи, Порто, Јувентус, Севилја и Барселона во нокаут-фазата од Лигата на шампионите по минималните 1-0 против Ајакс за осигурување на првото место во групата Д со 12 бода по пет средби.
Комичното пливање на Онана во празно му го донесе дебитантскиот погодок на младиот Џоунс на меѓународната сцена, што беше доволно за Црвените да ја завршат работата пред последното коло.
Останати резултати:
Порто – Манчестер сити 0-0
Марсеј – Олимпијакос 2-1
Аталанта – Митјиланд 1-1