Лукаку: Еден потег на Солскјер ми беше доволен да сфатам дека завршив со Јунајтед

Интер вечерва гостува кај Торино во рамки од 13-тото коло во Серија А, меч во кој избраниците на Антонио Конте имаат задача да го освојат целиот плен и да го одржат чекорот со водечкиот Јувентус. Во овој дуел посебна мисија има Ромелу Лукаку, да ја продолжи голгетерската низа и да му се доближи на Чиро Имобиле на листата стрелци во Калчолигата.

Белгиецот е во добра форма благодарение на довербата што ја добива од тренерот Конте. Тој му дава слобода да решава натпревари, а досега во многу случаеви неговите погодоци го правеле тоа. Токму поради довербата која ја добива во Интер, Лукаку слободно проговори за причината што го натерала да сфати дека кариерата во Манчестер јунајтед му заврши, а Оле Гунар Солскјер исто така влијаел врз одлуката.

„Секогаш играм за тимот, бидејќи имаме иста цел. Се согласувам со секоја одлука на тренерот и се трудам да ја почитувам, но еден потег на Солскјер ми беше доволен знак дека кариерата во Манчестер ми заврши. Од моментот кога тој одлучи да ме става на крилните позиции, а ми ја скратува улогата на централен шпиц, сфатив дека тука е крајот за мене“, истакна Лукаку.

Лукаку во Серија А досега ги одигра сите 12 натпревари на кои постигна девет гола, вечерва ќе трага по 10-от.

- Оглас -

Најнови вести