Лукаку глумеше за холивудскиот оскар против Рома (Видео)

Ромелу Лукаку е лош глумец и одличен стрелец, а дека не знае да одглуми фаул покажа и на мечот со Рома. Белгиецот се обиде да го насанка Џанлука Манчини во второто полувреме од дербито во Рим, но беше очигледно дека не е фаулиран, па дури и добро пројде.

За глумење во вакви ситуации се добива жолт картон, а Лукаку веќе имаше еден од првото полувреме, па требаше да биде исклучен.

Lukaku funny dive vs Roma from soccer

Сепак судијата Ди Бело му прости, па Лукаку се спаси од црвен картон. Дербито заврши нерешено, 2:2, а Интер го загуби чекорот со лидерот Милан и сега негативата е три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести