Лукаку ја заострува војната со Челзи, на „Фејсбук“ за себе напиша дека е играч на Интер

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку повторно ги иритираше навивачите и членовите на Челзи, овојпат не со изјава дека е несреќен таму и дека сака да се врати во Интер, туку со промена на податоците на „Фејсбук“, каде што стави дека е играч на Интер од Милано, иако главната слика и понатаму му е во дрес на Челзи.

Лукаку за критиките кон тренерот Томас Тухел, под казна беше исфрлен од тимот за дуелот со Ливерпул.

Интересно е што фановите на Интер не го сакаат многу Лукаку и му порачаа: „Не ни се важни тие што бегаат од дождот, важни се оние кои остануваат и во невреме. Чао“.

- Оглас -

Најнови вести