Лукаку не игра во првиот тим на Интер бидејќи има 103 килограми

Интер вчера славеше со 1:0 против Порто во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а голот на одлука го постигна Ромелу Лукаку.

Белгиецот, кој на почетокот од сезоната дојде на едногодишна позајмица од Челзи, годинава натпреварите најчесто ги започнува од клупата за резервни играчи, па така беше и вчера, во игра влезе во 58-мата минута на местото на Един Џеко, а голот го постигна во 86-тата минута.

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота, ја откри причината зошто Лукаку натпреварите најчесто ги започнува од клупата за резерви.

„Зошто Лукаку е на клупа? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен. Фудбалер кој игра за првиот тим мора да биде 100 отсто подготвен, а Лукаку не е“, изјави Марота.

- Оглас -

Најнови вести