Лукаку откри каков му е планот во Челзи

Ромелу Лукаку беше промовиран како нов играч на англискиот гигант Челзи. Белгискиот репрезентативец за сума од 115 милиони евра дојде на „Стемфорд бриџ“ од Интер. Лукаку уште пред неколку дена беше пристигнат во Англија, но бидејќи беше во карантин, дури денеска ја доби официјалната промоција.

„Дојдов тука за да победувам со Челзи. Подготовен сум да давам 100 отсто. Не сакам да зборувам за личните цели, но овојпат тие се совпаѓаат со целите на клубот. Челзи треба да продолжи да победува и да доминира како во Европа, така и во Англија. Разговарав со тренерот Томас Тухел и тој јасно ми посочи дека во мене гледа нов лидер на тимот. Се надевам дека со мојот квалитет ќе донесам подобри резултати во Челзи“, рече Лукаку.

Голгетерот во минатата сезона беше главен во Интер и еден од најзаслужните што Нераѕурите ја прекинаа речиси 10-годишната доминација на Јувентус.

Лукаку беше дел од Челзи во периодот од 2011 до 2014 година, но тогаш не доби шанса да се докаже. Тогаш одигра само 10 меча за Челзи во Премиер лигата, а потоа беше даден на позајмица во Вест Бромвич албион и Евертон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести