Лукаку понижен пред дербито со Арсенал (Фото)

Ромелу Лукаку сезонава игра очајно. Белгискиот репрезентативец како да заборави да постигнува голови во дресот на Манчестер јунајтед, па навивачите на „Олд Трафорд“  уште го очекуваат неговиот прв погодок сезонава на домашен терен. Вечерва „црвените ѓаволи“ на свој терен го пречекуваат Арсенал, во дербито на Премиер лигата. За Лукаку тоа ќе биде 19-ти дуел сезонава. На досегашните 18 меча на кои настапи, Белгиецот успеа да даде само пет погодоци и сите беа на гостински терен.

Светски познатите обложувалници ја искористија слабата форма на Лукаку, па во пресрет на дербито против Арсенал понудија смешни понуди за обложување. Нудат коефициент 3,5 дека Лукаку ќе ја нагази топката и дека ќе падне, како што му се случи на претходниот дуел против Саутемптон.

https://youtu.be/g2yIQ-sOylM

Се нуди коефициент 6 дека Лукаку ќе биде заменет уште во првото полувреме, а за коефициент 8 може да се обложите дека еден од шутевите на Лукаку кон противничкиот гол ќе заврши во АУТ. Дека нема да има ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, коефициентот е 4,5, а дека воопшто нема да биде стартер, е со реален коефициент 3.

Дека Лукаку ќе асистира, но за погодок на Арсенал има коефициент 34, а за постигнување автогол на Лукаку се нуди коефициент 51.

На Лукаку останува вечерва да докаже дека овие смешни коефициенти само го мотивирале да го постигне првиот погодок сезонава на „Олд Трафорд“, и тоа во дуелот со еден од најголемите ривали.

 

- Оглас -

Најнови вести