Лукаку првпат во кариерата даде гол на „Стемфорд бриџ“, Ковачиќ со партија на кариерата (Видео)

Челзи ја совлада Астон Вила со 3-0, во меч кој мина во знакот на Ромелу Лукаку и Матео Ковачиќ. Со победата, Сините дојдоа до 10 бода и се израмнија со Манчестер јунајтед на делба на врвот на премиерлигашката табела.

Белгиецот Лукаку дури на својот 15-ти настап на „Стемфорд бриџ“, првпат постигна гол на овој стадион. Во финишот на средбата, тој даде уште еден гол за запечатување на убедливиот триумф.

Хрватот Ковачиќ имаше асистенција и гол, а ова му е првпат во кариерата во Премиерлигата, да има таков учик на еден ист меч. За Челзи ова е 600-та победа во Премиерлигата, тие се втор тим после Манчестер јунајтед со 600 победи.

https://www.youtube.com/watch?v=ISbrvFCdOoE

- Оглас -

Најнови вести