Добрата Вила на Лукаку – Со рекорден гол Белгиецот му донесе победа на Челзи (Видео)

Ромелу Лукаку се врати во составот на Челзи по три меча пауза и веднаш погоди, и тоа против омилениот ривал Астон вила.

Белгиецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме и само по 11 минути игра, постигна гол со глава, негов рекорден деветти против Астон вила. Со неговиот погодок и со два на Жоржињо од пенал, Челзи ја победи Астон вила со 3:1.

Лукаку со тој погодок му донесе клучна предност на Челзи од 2:1, а и си постави личен рекорд. Против Астон вила има играно 10 пати и им даде 9 гола, најмногу од сите екипи против коишто играл во Топ-5 лигите во Европа.

Во финишот на мечот, Жоржињо по вторпат беше прецизен од пенал и ги постави конечните 3:1 за Челзи во Бирмингам.

Претходно Рис Џејмс си постигна автогол, па Астон вила поведе со 1:0, а израмни Жоржињо од пенал.

https://twitter.com/TopFootballShow/status/1475164599028699154?s=20

Челзи по денешната победа има 41 бод на третото место на табелата, зад Ливерпул со еднаков број бодови, но со меч помалку, и лидерот Манчестер сити со 47 бода.

Астон вила е на десеттото место со 22 бода од 18 натпревари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести