Лукаку стигна во Милано, фановите на Интер скандираа против Јуве (Видео)

Ромелу Лукаку рано утрово пристигна во Милано, денеска ќе има лекарски прегледи, по што и официјално ќе стави потпис на својот петгодишен договор со Интер, клубот кој најсилно го посакуваше Белгиецот во своите редови.

Пристигнувањето на Лукаку е добра вест за тренерот Антонио Конте кој од старт инсистираше да го донесе во својот тим, а и за навивачите, кои во голем број го чекаа на аеродромот Малпенза во Милано. Она што „боде очи“ е што навивачите на Интер не скандираа толку многу за Лукаку, иако и тоа го имаше, колку што пееја анти-Јувентус песни. Веројатно се задоволни што Интер го победи Јувентус во трката за услугите на Лукаку. Сега се очекува „старата дама“ да го возврати ударот и да го купи довчерашниот капитен на Интер, Мауро Икарди.

Погледнете дел од атмосферата на аеродромот во Милано кога дојде Лукаку:

https://www.youtube.com/watch?v=F5ZVUx5W8wg

 

- Оглас -

Најнови вести