Лукас Васкес веќе никогаш нема да заигра за Реал Мадрид?

Реал Мадрид нема многу време за славје после победата над Барселона на синоќешното Ел Класико, бидејќи денеска дојде веста од која се плашеа, дека Лукас Васкес има истегнување на лигаментите на коленото, и за него сезонава е завршена. На Васкес договорот со Кралскиот клуб му истекува на 30-ти јуни, па тој можеби веќе никогаш нема да го облече белиот дрес на мадридскиот гигант.

Васкес е десно крило, но сезонава многу често играше како десен бек, бидејќи голем дел од сезоната пропушти првиот десен бек Даниел Карвахал. Васкес беше еден од играчите со најголема минутажа, Зидан го користеше на две позиции, и затоа веста дека повредата која ја здоби во дуел со Серхио Бускетс, е сериозна, не е баш добра во овој период од сезоната кога тимот има важни мечеви.

За гостувањето кај Ливерпул в среда веројатно нема да биде подготвен ниту Федерико Валверде кој се пожалил на повреда после синоќешното Ел Класико, а ситна повреда има и Тони Крос, но тој би требало да заигра на „Енфилд“. На листата на повредени се и Рамос, Карвахал и Азар, Варан има коронавирус, па Кралскиот клуб ќе биде дополнително ослабен.

- Оглас -

Најнови вести