Лутон испиша историја, но го загуби мечот

Екипата на Лутон го одигра првиот меч во Премиер лигата во клупската историја и загуби. Тимот од градчето кое е во близина на Лондон беше поразен на гостувањето кај Брајтон со 4:1.

Брајтон кој минатата сезона играше одлично, почна со три бода и во новиот шампионат. Марч погоди за водство на домаќините во 36 минута, а во 71 минута предноста беше удвоена благодарение на погодениот пенал на Жоао Педро.

Во 79 минута се случи историја. Беше досуден пенал за Лутон, а Карлтон Морис погоди од белата точка и тоа може да го видите ТУКА.

Тоа беше првиот погодок на Лутон во клупската иторија во Премиерлигата. Лутон немаше играно во елитната лига од сезоната 1991/92, кога испадна. Следната сезона најдобрата лига во Англија го доби името Премиер лига.

И покрај примениот гол, Брајтон не дозволи изненадување и во последните 10-тина минути постигна два гола за сигурна победа од 4:1.

Во останатите три меча кои се играа од 16 часот, домаќините немаа многу успех. Борнмут одигра 1:1 против Вест хем, спасувајќи се од пораз благодарение на голот на Соланке во 82 минута. Евертон дома загуби од Фулам со 1:0, а минимален пораз пред своите навивачи претрпе и Шефилд јунајтед од Кристал Палас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести