Лутон поведе и ги налути Црвените, кои се наострија за финалето на „Вембли“

Ливерпул го победи Лутон со 4-1 и повторно има четири бода предност пред Манчестер сити (Граѓаните имаат еден меч помалку) на врвот на премиерлигашката табела.

Гостите изненадувачки водеа на пауза, но во 56-тата и 58-мата минута со голови на Холанѓаните Ван Дајк и Гакпо, Ливерпул за 125 секунди набрзина направи пресврт. Луис Дијас погоди за 3-1 и за да нема дилеми околу победникот, а точка стави Елиот во 90-тата минута.

Овој меч требаше да се игра в сабота, но поместен е неколку дена порано затоа што в недела Црвените играат финале на Лига купот против Челзи.

Последната победа на Лутон над Ливерпул беше пред 33 години, поминаа седум меѓусебни дуели оттогаш.

Ливерпул, кој во нападот ги немаше Салах и Дарвин Нуњес, првпат сезонава губеше на полувреме на еден домашен меч, но продолжи како во минатата сезона, кога никогаш не загуби на „Енфилд“ по негатива на пауза. Тимот на Јирген Клоп стана прв премиерлигаш кој сезонава даде 100 гола во сите натпреварувања, од кои 63 во првенството.

- Оглас -

Најнови вести