Мадервел има играч кој скока повисоко и од Кристијано Роналдо (видео)

Бевис Магуби, дефанзивецот на Мадервел, се прослави со сензационалниот одраз на кој би позавидил и мегаѕвездата Кристијано Роналдо.

Стоперот на шкотскиот прволигаш вчера го постигна победничкиот гол за конечни 2-1 во дуелот против Рос Каунти, така што ја прелета целата одбрана на домаќините и со глава ја заби топката во мрежата.

Според повторената снимка, се чини дека Магуби забележа скок повисок од „седмицата“ на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести