Мадридско дете ја шокираше Барса (Видео)

Лионел Меси го одигра својот 700-ти меч во дресот на Барселона, но овој јубилеј ќе го памети по лошо, бидејќи Каталонците беа поразени од Леганес со 1-2 и му дадоа можност на Реал Мадрид ако освои еден или три бода, да го преземе врвот на табелата. За Леганес, ова е прва победа во историјата над Барселона.

Меси викендов стана странец со најмногу настапи во Ла Лига, а сега дојде до бројка од 700 меча во сите натпреварувања. Повеќе средби од него имаат само Чави и Андрес Иниеста. Рекордерот Чави 869 пати го носеше дресот на Барселона.

Првиот гол за Леганес беше дело на Ел Жар во 52-рата минута, а веќе во наредната минута Оскар Родригеs (позајмен играч од Реал Мадрид) ја искористи грешката, или подобро кажано асистенцијата на Пике, комплетно ги шокираше гостите за кои ова е втор кикс по ред, откако во минатото коло одиграа дома само 2-2 против Жирона.

 

Барса поведе во 12-тата минута со голот на Кутињо. За Бразилецот, тоа беше десетти гол во шпанската лига. За Барса ова е прв пораз сезонава и попусто им беше 77 отсто посед на топката, кога примија два гола, а дадоа само еден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести