Маестрален слободен удар го однесе Катар во четврт-финалето на Азискиот куп (видео)

Катар минимално го совлада Ирак со 1-0 за комплетирање на паровите во четврт-финалето од Азискиот куп. Катарците ќе играат против Јужна Кореја, а до победата стигнаа откако Басам Алрави постигна вистински убавец во 62-рата минута од мечот.

Откако неизвесната битка траеше еден час, Алрави го реши победникот од прекин, а прецизно изведениот слободен удар од околу 25 метри беше доволен за пласман во следната фаза.

Четврт-финални парови на Азискиот куп:

Кина – Иран, Виетнам – Јапонија, Соединети Арапски Емирати – Австралија и Јужна Кореја – Катар.

https://www.dailymotion.com/video/x713mp2

- Оглас -

Најнови вести