Маестралниот поен на Ѓоковиќ што ја „уби“ желбата на Беретини за подвиг (Видео)

Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини одиграа фантастично финале на Вимблдон, што го доби српскиот тенисер со 3:1 во сетови, а поенот во средината на последниот сет беше спектакуларен и најубав во мечот за титулата, веројатно и на целиот турнир.

Новак беше во навидум изгубена ситуација по долгата размена на удари, но потоа како мачка со невиедна трансформација одигра скратена топка на мрежа и го надмудри Беретини.

Во тој момент беше 2:1 во сетови за Ѓоковиќ и 3:2 за него, па иако Беретини потоа израмни на 3:3 со феноменалниот поен Новак ја „уби“ надежта на извонредниот Италијанец за подвиг и за освојување на првата гренслем круна во првото финале што го играше денеска.

Новак по шестти пат е шампион на Вимблдон и сега има 20 гренслем титули, со што се израмни на врвот на вечната листа, заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести