Магдебург ја потврди класата, со нова убедлива победа го елиминира Еурофарм Пелистер (Видео)

Магдебург го декласира Еурофарм Пелистер со 35:24 во реванш осминафиналето во ракометната Европа Лига на ЕХФ и со две победи и вкупен резултат од 67:48 на убедлив начин се пласираа меѓу осумтте најдобри екипи.

Германците повторно беа супериорни и веќе по првото полувреме беше јасно дека повторно ќе го победат македонскиот претставник во Европа Лигата.

По 30 минути игра беше 14:9 за домаќините, а разликата потоа постојано растеше до конечни 35:24.

Клуге со 7 гола беше најефикасен кај Магдебург, а ист број на погодоци постигна и Стипе Мандалиниќ за Еурофарм Пелистер. Штајнерт и Маџоски постигнаа по пет, но во вкупен збир на голови герамнскиот тим беше убедлив.

 

 

- Оглас -

Најнови вести