Магичен ден за Рајо: Столе одбрани пенал, на Фалкао му требаа само 10 минути за гол (Видео)

Рајо Валјекано го порази Хетафе со 3-0 во првото мадридско дерби сезонава во шпанската лига. Хетафе стана само третиот тим во 21-ви век кој сезоната во шпанската Примера ја стартувал со пет порази, а во Рајо имаа многу причини за задоволство.

Во бело-црвениот дрес дебитираше Радамел Фалкао, а на колумбискиот Тигар му требаа само 10 минути по влегувањето во игра да даде гол за 3-0. Печат на триумфот на Рајо стави македонскиот голман Столе Димитриевски, со одлично одбранет пенал во финишот, и не дозволи да прими гол на денешниот меч. Рајо сезонава ја почна со два порази по ред, но во последните три кола собра 7 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=KEvOb3cYhWI

- Оглас -

Најнови вести