Магичен дриблинг на Фред, скандирање „Меси, Меси“ и гол во мрежата на Де Хеа (Видео)

Атлетико Мадрид води со 1-0 на гостувањето кај Манчестер јунајтед, додека на мечот Ајакс – Бенфика нема гол по првото полувреме. Ако вака завршат овие два меча и пос 90 минути, Атлетико оди понатаму, а во Амстердам ќе мора да се играат продолженија.

Ренан Лоди погоди за мадридските Јорганџии во 40-тата минута, а домашните се жалеа дека во зачетокот на убавата акција имало фаул.

Фановите на Јунајтед чекаат од Кристијано Роналдо да биде нивен спасител, а и навивачите на Атлетико се плашат од Португалецот, па пред мечот на загревањето на Роналдо му скандираа „Меси, Меси“.

Најатрактивен потег на мечот на „Олд Трафорд“ беше феноменалниот дриблинг на Фред, а жртва на Бразилецот беше Стефан Савиќ. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести