Магичен гол на Бразилецот кој летово го засили Реал (Видео)

Ако нешто е добро за Реал Мадрид по поразот од Баерн Минхен со 3:1, тоа е фактот дека добија нов „убиствен“ изведувач на слободни удари. Тинејџерот Родриго влезе во второто полувреме и покажа дека Реал летово не залудно за него плати 45 милиони евра и го донесе од бразилски Сантош.

Напаѓачот кој има само 18 години, доби шанса да изведе слободен удар и да покаже со каков шут располага, а потоа следеше „торпедо“ кое заврши во мрежата на Баерн. Слободниот удар на Родриго беше перфектен, па затоа и немаше никакви шанси да се одбрани тој шут.

Со тој погодок, Реал само постигна почесен погодок во поразот од Баерн Минхен.

https://youtu.be/I124nVZKsrQ

- Оглас -

Најнови вести