Магичен скок: Прелета речиси две и пол фудбалски игралишта (Видео)

Светското првенство во ски летови започна во норвешкиот Викерсунд и уште на стартот имаше одлични скокови. На вчерашните квалификации, Штефан Крафт имаше лет од 238 метри, иако тргна дури и од скратено залетување.

Гледачите останаа да се чудат по овој скок на Крафт затоа што пред него, поради лошите временски услови, речиси и да немаше скок над 230 метри, а тој доскокна на 238 метри.

Оваа леталница во Викерсунд е една омилените на Крафт. Австрискиот ски-скокач пред пет години таму имаше скок од неверојатни 253,5 метри.

- Оглас -

Најнови вести