Магична асистенција која Меси ја претвори во водство на Барселона (Видео)

Барселона води со 2:1 на гостувањето кај Атлетик Билбао, иако по неполни три минути, каталонскиот гигант беше во негатива од еден гол. Атлетик поведе по само 170 секунди од почетокот на мечот, а погодокот може да го видите ТУКА.

Иако губеа, играчите на Барселона не се збунија, туку почнаа да играат многу поактивно, а тоа вроди со пресврт уште во првото полувреме. Младиот Педри одлично погоди со глава по асистенција на Френки де Јонг за 1:1 во 14 минута.

До крајот на првиот дел, Барселона направи фантастична акција и тоа само со Педри и Лионел Меси. Капитенот додаде до талентираниот играч, а овој со пета одигра повратна топка и практично исфрлија неколку противнички играчи од игра.

Меси ја искористи фантастичната асистенција и погоди за 2:1 на полувреме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести