Магична ноќ за Манчестер јунајтед: Роналдо ја покажа фудбалската величина, Фернандеш погоди на „стотката“ (ФОТО+ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Арсенал го одиграа и најдобриот меч во досегашниот тек од Премиер лигата.

Во дербито од 15-тото коло, на крајот на победата се радуваа домаќините, и тоа со 3:2, во меч кој изобилуваше со шанси и навистина квалитетен фудбал.

Арсенал поведе со голот на Емил Смит Роу во 13-тата минута по еден сомнителен момент, кога Фред го згазна Давид де Хеа, а играчот на Арсенал погоди во празната мрежа, откако претходно не ја исфрлија топката.

Сепак, тоа не ги исфрли од игра домаќините, кои „стегнаа“ кон голот на гостите уште посилно, па пред самото прво полувреме стигнаа до израмнување преку Бруно Фернандеш, кој погоди на својот стоти натпревар во дресот на овој тим.

Во продолжението, Манчестер продолжи со нападите и преку Кристијано Роналдо, за кого тоа беше 800-ти гол во кариерата, дојде до предност од 2:1.

Сепак, гостите не се предадоа и во 55-тата минута стигнаа до израмнување од 2:2 преку Мартин Одегард.
Но, конечните 3:2 беа дело на кој друг ако не Кристијано Роналдо, кој во 70-тата минута стрелаше успешно од белата точка, откако еден од дефанзивците на Арсенал стартуваше престрого во 16 метри врз Фред.
Со оваа победа, Манчестер јунајтед дојде до бројката од 21 бод и се искачи на седмата позиција на премиерлигашката табела.

- Оглас -

Најнови вести