Магична одбрана на Адријан го спаси европскиот првак (Видео)

Шпанскиот голман Адријан е најзаслужен што актелуниот европски првак Ливерпул нема негатива на „Сан Паоло“ против Наполи, а на магичен начин ја спаси мрежата во 50-тата минута.

Марио Руи беше сам само на два-три метри од голот на Ливерпул, упати удар со нога во скок, но 32-годишниот шпански голман на маестрален начин реагираше и ја одби топката во корнер.

Адријан беше купен летово од Ливерпул за да му биде замена на повредениот Алисон и брани извонредно. И вечерва е на ниво, а имаше уште неколку добри одбрани и е најзаслужен што Ливерпул сè уште има активен резултат од 0:0 на гостувањето во Неапол.

Одбраната на голманот на Ливерпул во 50-тата минута можете да ја погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести