Магично: Еден од најдобрите погодоци во историјата на голфот (Видео)

Шпанскиот голфер Џон Рахм изведе удар за памтење на еден од Мастерс турнирите во овој спорт. Пред Рахм имаше мини езеро, а дупката која требаше да се погоди беше на спротивната страна. Наместо да ја „прелета“ водата, голферот реши топчето да го прати директно по вода.

Со силен удар, топчето отскокнуваше по водата и потоа го доби посакуваното ефе за на крајот се најде директно во дупката. Дефинитивно еден од најдобрите потези во историјата на овој спорт.

 

- Оглас -

Најнови вести