Магија на Суле: Рома со песна се враќа од гостувањето кај Парма (Видео)

Рома ја оствари четвртата победа на последните пет натпревари во Серија А совладувајќи ја Парма на гости со 0-1. Херој на римскиот клуб беше Матијас Суле кој го постигна победничкиот гол во 33-та минута. Тој на магичен начин изведе слободен удар и ја погоди мрежата на домашниот тим.

Само две минути претходно Парма остана со фудбалер помалку откако беше исклучен Џовани Леони.

Парма е во голема криза, а ова беше четврти последовен неуспех за тимот на Фабио Пекија.

- Оглас -

Најнови вести