24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Докторираше со четири титули во НБА, дури сега го убеди неговото училиште да му го повлече дресот со број 30

Стефон Кари има четири титули во НБА лигата и е во редот на најтрофејните активни кошаркари со таков подвиг, заедно со соиграчите Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Андре Игудала од Голден стејт вориорс и со Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс.

Интересно е што најдобриот кошаркар во големото финале меѓу Голден стејт и Бостон дури сега ќе има чест, на свечена церемонија закажана за во август да му биде повлечен дресот со број 30 што го носеше на Дејвидсон колеџот.

Кари е поканет на 31 август да ја прими и дипломата за дипломската работа што ја одбрани во мај годинава.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1537976832057741315?s=20&t=Q4O1lJbwGZK0N8kvPHSR1g

На свеченоста ќе биде повлечен и неговиот дрес со број 30 од школските денови минати на Дејвидсон, каде е најдобар стрелец во историјата, а држи уште неколку рекорди меѓу кои и тој со најмногу погодени тројки.

 

- Оглас -

Најнови вести