Махери од Лисабон за финалиња против Порто – Спортинг ги построи пехарите во купот

Спортинг има фудбалски мајстори за драми и пенали, а омилен противник за освојување пехари сезонава им е Порто. Во ново куп финале, вечерва во националниот куп, популарните „лавови од Лисабон“ пак го победија Порто по подобро изведување на пенали.

И повторно имаше голема драма со погодок во последен момент, сега на Фелипе во 121 минута за Порто, но и тоа не беше доволно за реванш, по загубеното финале во Лига купот.

Играчите на Спортинг повторно имаа поголема концентрација при изведување на удари од белата точка, исто како и во јануари година, кога го освоија пехарот во Лига купот на ист начин и против истиот ривал.

Во регуларниот дел финалето заврши без победник со по еден гол во двете мрежи, а потоа Баст Дост во продолженијата му донесе предност од 2:1 на Спортинг. Но, Фелипе погоди за израмнување во последен момент и потоа се шутираа пенали.

Почна лошо за Спортинг, Дост промаши во првата серија, но брзо се реваншираше Пепе, кој го промаши третиот удар за Порто. До петтата серија беше израмнето, а клучна беше утката на Фернандо за Порто. Веднаш потоа Фелипе беше прецизен за Спортинг, екипа која ги освои двата пехари во двата купа на Португалија сезонава.

Стефан Ристовски не играше за Спортинг поради црвен картон и суспензијата што му ја одреди португалската федерација.

- Оглас -

Најнови вести