Мајами без Батлер се посрамоти, трилер завршници во Феникс и Шарлот (Видео)

Мајами хит на првиот меч по трампата со која ја испрати својата ѕвезда Џими Батлер во Голден стејт, постигна само 86 поени, а особено очајни беа во последната четвртина против Бруклин, кога дадоа 9 поени (примија 31), па загубија со 86-102.

Жешките во последните 12 минути погодија само два шута од поле од 21 обид, и немаше шанса да го добијат мечот со еден од најслабите тимови на Истокот.

Малик Бизли со личен рекорд од 36 поени беше предводник на Детроит во победата 125-112 над Филаделфија. Средбата беше решена уште по првото полувреме кое Пистонс го доби со 78-49. Милвоки водеше и со убедливи 21 поен разлика, но загуби од Атланта со 110-115. За Бакс не играше Јанис Адетокумбо.

Драми имаше во Шарлот и Феникс. Во Феникс се играа дополнителни пет минути и Санс победи со 135-127, користејќи го шокот кај Џезерите кои беа блиску до триумф во регуларниот дел, но примија луда тројка за изедначување во последна секунда. Тројката беше дело на Грејсон Ален кој се претвори во јунак, засенувајќи го Девин Букер кој заврши со 47 поени и 11 асистенции.

Во Шарлот, домашните го победија Сан Антонио со 117-116. При 114-114, Спарс погоди за 116-114 на 7,9 секунди до крајот, Хорнетс врати со тројка на 1,4 секунда до крај, а во последниот напад гостите дадоа кош и почнаа да слават победа, но судиите го поништија откако ја прегледаа снимката.

- Оглас -

Најнови вести