Мајами е хит на вечерта, го уништи Феникс со дожд од тројки (Видео)

Мајами хит извојува победа на гостувањето кај Феникс санс со 123-100, и приреди големо изненадување против најуспешниот тим сезонава во НБА лигата, а заслугата за триумфот е кај одличниот шут за три поени. Жешките од 44 обиди, погодија дури 22 тројки, и го изедначија клупскиот рекорд.

Резервата Тајлер Хиро со свој сезонски рекорд од 33 поени, беше предводник на Мајами, кој беше без дури 11 играчи. Данкан Робинсон уфрли осум тројки, и заврши со 27 поени, негова најефикасна партија сезонава. Кај Сонцата, најефикасен беше Девин Букер со 26 поени.

Изненадувачки порази претрпеа и Јута и Милвоки. Џезерите беа надиграни од Пејсерс, кај кои Домантас Сабонис постави личен рекорд од 42 поени. На Бакс кој има три порази на последните четири меча, не му помогнаа 43-те поени на Јанис Адетокумбо. Бостон го запре Њујорк на само 75 поени во меч на кој Џејлен Браун го направи првиот трипл-дабл во кариерата.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 114-106, Детроит – Орландо 97-92, Индијана – Јута 125-113, Бостон – Њујорк 99-75, Феникс – Мајами 100-123.

Најубавата акција синоќа ја направи Шарлот хорнетс. Вреди да се види:

- Оглас -

Најнови вести