Седмиот викенд од овосезонскиот календар во Формула 1 ќе се вози во Мајами. Трката за големата награда за Мајами ќе биде утре во центарот на вниманието, додека вечерва од 22 часот ќе се возат квалификациите, по што ќе бидат познати позициите од кои што ќе стартуваат возачите.
Како што и доликува, Мајами ќе приреди спектакл, а голем број на ѕвезди од најразлични бранши се наоѓаат покрај самата патека ѝ имаат можност да се запознаат со овој спорт.
Јасно е дека утре не очекуваат големи возбудувања, додека за да стартува од пол-позицијата, Макс Ферстапен има квота од 2.25, додека мала предност има возачот на Ферари, Шарл Леклерк за кого има квота од 2.10, кој пред само две недели имаше инцидент во Имола и наместо трети, заврши на осмото место.
Далеку зад овие двајца, се наоѓаат вторите возачи на Ред Бул и Ферари, Себастијан Чеко Перез и Карлос Сајнц, за кого има квота од по 13, додека седумкратниот првак Луис Хамилтон да биде прв во квалификациите има коефициент од 17.