Мајами го прегази Бостон, Жешките имаа неочекуван јунак (Видео)

Мајами хит стигна до 3:0 во победи против Бостон во финалето на Источната конференција во НБА-плејофот откако Жешките ноќеска славеа, и тоа убедливо со 128:102. На тимот кој беше осмопласиран по регуларниот дел од сезоната и едвај се избори да игра во плејофот, сега е само на една победа од пласман во големото НБА-финале.

Изненадувачки, Гејб Винсент беше најдобар стрелец во победничкиот тим. Винсент на крајот заврши со 29 поени, што му е личен рекорд во плејоф-кариерата. Тој беше посебно незадржлив во шутевите за три поени, погодувајќи шест од девет обиди. Првата ѕвезда на Мајами, Џими Батлер, заврши со 16 поени, шест асистенции и осум скокa.

Кај Бостон, Џејсон Татум шутираше 6 од 18 (1/7 за три поени), па мечот го заврши само со 14 поени и 10 скока. По 12 поени кај Бостон постигнаа Браун, Вилијамс и Причард.

Ова може да биде историска сезона во НБА затоа што двете конференциски финалиња може да завршат со „метла“. Во финалето на Западот, Денвер води со 3:0 против Лос Анџелес лејкерс и вечерва на свој терен ја има првата меч-топка за пласман во финалето. Никогаш ддосега не се случило некој тим да се врати по негатива од 3:0, што практично значи дека се знаат финалистите.

Последен пат двете конференциски финалиња завршиле со чисти победи во далечната 1957 година, кога Бостон со 3:0 го елиминирал Сиракјус, а Сент Луис со истиот резултат славел над Минеаполис.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести