Мајами се спаси во луда завршница (Видео)

Мајами хит ја победи Филаделфија со 117-116 во најинтересниот натпревар во НБА лигата одигран рано утрово, средбата беше одлучена пи продолжение, а незаборавна беше завршницата на регуларниот дел. Со оваа победа, Мајами остана најопасен домаќин во лигата со скор 12-1, а има 6-0 во мечевите со продолжение.

Сиксерс имаше шанса да го реши победникот, но при водство од 106-104, Тобијас Херис утна забивање, по што на Ембид му беше украдена топката и Мајами погоди тројка. Ваква слична ситуација имаше и во Скопје пред 23 години кога МЗТ Скопје со тројка на Перо Блажевски изедначи против Ратофарм Улм, откако гостите не реализираа забивање за победа на неколку секунди до крајот.

Но, после тројката на Мајами, Жешките дадоа уште еден поен и водеа со 108-106 на 0,9 секунди до крај. Џош Ричардсон намерно утна слободно фрлање и Бен Симонс од одбојка даде кош. По прегледување на снимка, се утврди дека топката сепак го допрела обрачот и кошот беше признат.

 

- Оглас -

Најнови вести