Мајами се засилува со трикратен шампион на НБА

Мајами хит се договори со Мемфис гризлис околу услугите на Андре Игудала. Трикратниот НБА-првак ќе се пресели на Флорида и ќе стави потпис на двегодишен договор вреден 30 милиони долари, со опција да се продолжи во третата сезона.

На другата страна, Мајами го враќа Џастис Винслоу во редовите на Гризлис. Игудала иако пристигна во Мемфис како големо засилување и покрај тоа што има 35 години, во досегашниот дел од сезоната не запиша ниту еден настап бидејќи франшизата се обидуваше да го трејдува.

Иако за него имаше интерес и од ЛА лејкерс, Езерџиите не можеа да ги исполнат финансиските услови. Воедно Мемфис работи и на ангажман на Данило Галинари од Оклахома, но оваа соработка допрва треба да се потврди.

Жешките оваа сезона се пријатно изненадување во Источната конференција и речиси сигурно ќе играат во разигрувањата бидејќи по 50 натпревари, имаат биланс од 34-16.

- Оглас -

Најнови вести