Мајка се згрози кога виде дека синот од дворот направил „мал Енфилд“ (Видео)

Еден навивач на Ливерпул ја шокираше својата мајка откако дворот кој требал да го офарба го направил во црвена боја, како своевиден „мини Енфилд“.

Ливерпул има шанса речиси по 30 години првпат да освои шампионска титула во Англија, па фановите на овој клуб се главна атракција. Чекањето од 1990 година е предолго за клуб со таква традиција и навивачи, па лудницата која владее кај фановите на „црвените“ е секојдневна и секој ден се појавува по нешто интересно поврзано со навивачите на овој клуб.

Овој навивач доби задача да го обои дворот, а тоа што тој го направи, многумина остави без текст, а мајката беше незадоволна. Кога таа влегуваше да го види „ремек-делото“, синот пушти химна на Ливерпул. Мајката не криеше дека е шокирана и непријатно изненадена од изгледот на дворот во кој сега доминира црвената боја.

https://twitter.com/i/status/1120613123973632000

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести