Мајкл Џордан и на 57 години дели лекции по баскет и провоцирање (Видео)

Се разбира дека Мајкл Џордан не може без баскетот во рака и не заборавил да игра кошарка, но кога се појави еден клип на кој се гледа како сопственикот на Шарлот хорнетс игра баскет со неколку момчиња, многумина беа изненадени. Џордан покажа дека и понатаму ја има прецизната рака, но и долгиот јазик.

На снимката Мајкл го прави тоа што знае најдобро да го направи: игра еден на еден и со карактеристичен скок наназад дава кош. Откако погоди, почна да го провоцира момчето кое го чуваше.

„Имате ли ‘Јутјуб’? Погледнете таму кој е Мајкл Џордан“, рече легендата на Чикаго булс, НБА-лигата и светската кошарка.

https://www.youtube.com/watch?v=Pk_Z7cd58rM

- Оглас -

Најнови вести