Мајкл Џордан не можеше да го издржи шокот што му го приреди неговиот Шарлот и си замина пред крајот иако Стршлените победија (Видео)

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, во својата играчка кариера има одлучено многу натпревари со шутеви во последните секунди. Џордан важеше за вистински егзекутор и воопшто не се плашеше да ја преземе одговорноста кога требаше да се шутира за победа.

Сега, Џордан е во улога на сопственик на Шарлот хорнетс и очигледно е дека нема толку многу нерви како во играчките денови. Неговиот тим од почеток до крај водеше во дуелот против Лос Анџелес лејекрс, но на крајот се случи драма, која Џордан не сакаше да ја гледа.

Шарлот водеше и со 20 разлика (71:51), но наместо да има мирна завршница, во финишот се случи драма кога Џордан не сакаше да ја гледа. Лејкерси константно ја намалуваа предноста, па на 15 секунди до крајот стигнаа до само еден негатива (115:114). Беше направен фаул и домаќините имаа две слободни за шутирање, а Џордан стана од своето столче и си замина без да го гледа крајот на мечот.

За среќа на домаќините, двете слободни беа погодени, а Лејкерс не успеа во последниот напад да стигне до израмнување и продолжување.

Резултати: Орландо – Деторит 119:103, Атланта – Бостон 108:92, Шарлот – ЛА лејкерс 117:114, Хјустон – Портланд 110:125, Мемфис – Јута 119:109, Мајами – ЛА клиперс 121:114, Њу Орлеанс – Денвер 105:116, Оклахома – Индијана 110:113, Сан Антонио – Чикаго 131:122, Феникс – Минесота 134:124, Милвоки – Њујорк 123:108.

 

- Оглас -

Најнови вести