Мајкл Џордан откри кој е најдобар европски играч што бил дел од НБА

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан беше во Париз каде го следеше дуелот меѓу неговиот Шарлот и Милвоки. По три четвртини беше нерешено, а во решавачката последна четвртина Шарлот одигра катастрофално во одбраната, прими 38 поени и на крајот загуби со 13 разлика.

По завршување на дуелот, европските новинари ги интересираше Џордан да открие кој е најдобриот европски кошаркар кој заиграл во НБА лигата, а Мајкл немаше дилема. Тој го одбра Тони Кукоч, кој беше негов соиграч во Чикаго со кого освојуваа титули во најсилната лига во светот.

„Тони Кукоч е број еден и сите знаете зошто. Што се донесува до Дражен Петровиќ и Дирк Новицки, сигурно дека и тие оставига длабок траг. Сепак, за да одговорам на ова прашање, ќе ми треба повеќе од една прес конференција. Би требало да пребарам низ историјата за сите играчи кои биле дел од НБА“, рече Џордан, кој додаде дека воопшто не му пречи што го споредуваат со Леброн Џејмс и дека е голем фан на ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс.

 

- Оглас -

Најнови вести