Мајкл Џордан за една година загуби 500 милиони долари!

Со појавувањето на Короанвирусот пред нешто повеќе од една година, започна и економската голобална криза. За тоа како Коронавирусот влијае на економијата, најдобро почувствува најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

Според американските медиуми, богатството на Џордан за само една година се намалило за неверојатни 24 отсто. Капителот на Џордан во март минатата година изнесувал 2,1 милијарди долари, а сега тој паднал на 1,6 милијарди долари. Тоа значи дека за само 12 месеци, Џордан загубил 500 милиони долари.

Џордан е дел од листата на 1.500 најбогати луѓе во светот, како и меѓу 500-те најбогати луѓе во САД.

 

- Оглас -

Најнови вести