Мајнц ги враќа култните дресови кои тимот ги носеше во времето на Клоп

Црвено-бела шаховница која потсетува на хрватскиот дрес, ќе се најде на дресовите на германскиот бундеслигаш Мајнц во следната сезона.

Клубот реши да ги врати овие култни дресови кои се омилени кај фановите, затоа што тимот ги носеше во 90-тите, во времето кога за Мајнц играше актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп.

Во ерата на Клоп, Мајнц имаше неколку варијанти на црвено-белите дресови, а за следната сезона најавуваат пријатно изненадување за фановите под мотото „Враќање кон корените“. Германските медиуми објавија дека изненадувањето ќе биде враќање на дресот со коцките.

- Оглас -

Најнови вести