Мајнц го налути европски првак и многу згреши!

Баерн Минхен со 5:2 го победи Мајнц во меч на кој фаворитот дури во второто полувреме го скрши отпорот на гостите. Мајнц не само што успеа да не прими гол во првите 45 минути туку и два пати го матираше Мануел Нојер за неочекувана предност од 2:0 на „Алијанц Арена“.

Иако беше два гола во негатива, тешко кој веруваше дека Мајнц може да освои бодови во Минхен, а тоа се потврди во второто полувреме. Баерн заигра во шампионски стил и со головите на Кимих и Сане стигнаа до 2:2 во 55 минута. Тоа беше знак дека до крајот Мајнц ќе прими уште погодоци, а така и беше. Никлас Суле погоди за 3:2, а потоа следуваа два гола на Роберт Левандовски и Баерн на крајот победи убедливо со 5:2.

Со овие три бода Баерн се врати на врвот на табелата со 33 бода, два повеќе од Лајпциг кој е втор.

 

- Оглас -

Најнови вести