Мајнц го шокира Дортмунд, Лајпциг во 92-рата минута испушти победа

Борусија Дортмунд претрпе шокантен пораз од Мајнц со конечни 0-2 на домашен терен во мечот од 32-рото коло во Бундеслигата. Буркард и Матета ги решија Милионерите до воведните минути од второто полувреме, па сега Мајнц на две кола до крајот речиси да го обезбеди опстанокот во елитата.

Дортмунд со 66 бода ќе го дочека претпоследното коло во кое ќе гостува кај Лајпциг. Мајнц има 34 бода, пет повеќе од Фортуна.

Кога се споменуваат Лајпциг и Фортуна, двете екипи ремизираа при конечни 2-2 откако гостите од Дизелдорф со голот на Хофман во 90+2 минута израмнија и се спасија од пораз. Црвените бикови до 87-мата минута имаа водство од 2-0, меѓутоа го поништија Скрибски и Хофман.

Леверкузен со сигурни 3-1 славеше против Келн, Хофенхајм со идентичен резултат го совлада Аугсбург на гости.

- Оглас -

Најнови вести